СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Унгарија: Младите под 25 години нема да плаќаат данок на доход

Унгарија планира целосно да ги ослободи младите под 25 години од плаќање персонален данок на доход најдоцна од јануари 2022 година, објави денеска премиерот Виктор Орбан.

Според него, тоа може да го чини буџетот околу 130 милијарди форинти (439,35 милиони долари), пренесува Ројтерс.

Парламентарните избори треба да се одржат во Унгарија во првата половина на следната година, забележува британската агенција, додавајќи дека Орбан е на власт повеќе од една деценија.

Поврзани вести

Германското економско производство паднало од 20 до 25 отсто поради коронавирусот

msp-admin

„АстраЗенека“ со 275 милиони долари приходи од продажба на вакцини

Влатко Зорба

Прв комерцијален лет на Боинг 737 МАКС во последните 20 месеци

msp-admin