Кетрин Коли, извршен директор на клонот на крипто-берзата „Binance“ во Соединетите држави, смета дека сегашниот биков пазар на Bitcoin (BTC) е знак дека крипто-средството може да достигне и до 100.000 американски долари.
Зборувајќи за новинската агенција „КЛТА“ вчера, Коли рече дека неодамнешното покачување на цената на BTC – преминување од 19.000 на повеќе од 34.000 долари за помалку од еден месец – може да се должи на зголемувањето на бројот на институционални инвеститори кои покажуваат интерес за крипто-средството.
Таа додаде дека во крипто-просторот може да има „забрзано“ рели врз основа на она што се случи пред биковиот пазар во 2017 година, во кој цената на Bitcoin порасна повеќе од една година откако наградите од „копањата“ беа преполовени во јули 2016 година.
„Мислам дека ќе достигнеме од 75.000 до 100.000 $ за BTC до крајот на 2021 година“, смета таа.
Извршниот директор на Binance US не е сам во биковите прогнози за следната година. Дан Хелд, раководител на развој на крипто-берзата „Kraken“, минатата година рече дека Bitcoin може да влезе во „суперцикл“ во 2021 година, со што цената на крајот ќе се искачи на 100.000 долари.
Во видеото објавено на неговиот канал на YouTube минатата недела, Хелд предвиде дека цената на дигиталната паричка ќе биде многу повеќе од „100 пати поголемо“ заснована на растечкото прифаќање на крипто-средството.
Тековниот биков пазар го привлече и вниманието на големите новински агенции.
BTC стигна на насловната страница на најголемиот меѓународен деловен весник „Фајненшл тајмс“ на 4 јануари:
Just published: front page of the Financial Times international edition Monday January 4 https://t.co/0ANz1YQw27 pic.twitter.com/lN2t2CBKVU
— Financial Times (@FinancialTimes) January 3, 2021