СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Моментот на вистината“ за дигиталното евро пристигнува во април

Европската централна банка ќе одлучи на пролет, најверојатно во април, дали ќе ги продолжи подготовките за лансирање на дигиталното евро, сложен проект што може да ги олесни плаќањата, но и да ги разниша темелите на финансискиот систем.

Најавата на Фејсбук за проект за лансирање на сопствена дигитална валута летото 2019 година (првично наречена Либра, но сега Дием) беше повик за будење на централните банкари и владите ширум светот.

Достигнувањето до 2,7 милијарди корисници со свој дигитален белег, врзано за суверени валути, регулаторот го сфати како закана.

Некои централни банки, вклучително и Шведска и Кина, веќе работеа на дигитални верзии на сопствените валути. Но, многумина одлучија повеќе да ја истражат идејата – по објавата на Фејсбук – за да го заштитат својот монетарен суверенитет.

На 18 јули, Г7 ги наведе барањата што треба да ги исполни новата „паричка“ на Фејсбук, бидејќи регулаторите се повеќе внимаваат на „сериозните ризици“ што ги носи оваа дигитална валута.

ЕЦБ на 12 јануари ја заклучи јавната расправа на која привлекоа огромни повратни информации со повеќе од 8.000 одговори.

– Добивме рудник со информации што во моментов ги обработуваме, рече претседателката на ЕЦБ Кристин Лагард на 21 јануари, објаснувајќи дека тоа ќе доведе до извештај што ќе биде јавно достапен.

– Дури на пролет, веројатно во април, ќе утврдиме дали ќе ја продолжиме работата што ќе треба да ја завршиме, додаде таа.

Извори од Банката на Шпанија објасниле дека, по извештајот, ЕЦБ ќе одлучи дали ќе започне пилот проект за тестирање на одржливоста на дигиталното евро и собирање на попрактично знаење.

Сепак, Лагард верува дека дигиталното евро на крајот ќе ја види светлината на денот.

– Претпоставувам, но ова е одлука што ќе ја донесеме заедно, но можеме да одиме во таа насока, рече таа во ноември минатата година.

Но, како што повеќе пати повтори, нејзиното воведување не значи дека банкнотите и монетите ќе исчезнат.

Проектот има силни поддржувачи и во Комисијата.

– Мислам дека ни треба дигитално евро, изјави заменик-претседателот за економија Валдис Домбровскис на група новинари на 19 јануари.

Потенцијалот на дигиталното евро е огромен, но има и свои предизвици, забележа Лагард.

Поврзани вести

Grayscale продолжува да купува повеќе Bitcoin отколку што се „ископува“

Влатко Зорба

Падот на лирата ја зголеми побарувачката за биткоин во Турција за скоро 600%

Влатко Зорба

Вредноста на Ethereum се искачи над 1.100 долари

Влатко Зорба