СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Microsoft планира нов дизајн на апликациите во Windows 10

Microsoft веќе објави јавно дека шефот на „Surface“ дивизијата, Панос Панаи ќе биде на чело на одделите за клиенти и хардвер на Виндоус. Оваа стратешка промена во структурата доведе многу аналитичари да предвидат големи промени во изгледот на Windows 10. Веќе знаеме дека ажурирањето закажано за есента 2021 година ќе понуди опипливи ажурирања во корисничкиот интерфејс.

Корисниците можат да очекуваат дека промените ќе ги опфатат сите клучни компоненти на Windows 10, вклучително и Start Menu, Аctrion Center, File Explorer и др. Новиот проект се развива под кодно име Sun Valley, а промените во него ќе ги постават темелите за идниот развој на платформата во 2022 година.

Компанијата ќе ги ажурира не само менијата, туку и анимациите и ефектите при префрлување на апликации и прозорци во Windows 10. Се чини дека новиот раководител на дивизијата Windows на софтверскиот гигант подготвува повеќе изненадувања за корисниците во наредните месеци.

Компанијата веќе тестира нови начини за подобрување на изгледот на апликациите на Windows 10 Store. Внатрешна документација на Microsoft покажува дека ListView, GridView, копчињата и другите елементи од корисничкиот интерфејс, со кои корисниците комуницираат.

Ажурираниот дизајн ќе им овозможи на XAML апликациите да изгледаат и да функционираат на ист начин како и веб и мобилните апликации на Windows. Софтверскиот гигант честопати е критикуван за недоследности во дизајнерските елементи на оперативниот систем.

Идните промени ќе влијаат и на Toogle Switch, Slider и Rating контролорите, бидејќи идејата е да започнат да изгледаат како веб и мобилни апликации. Microsoft следната година ќе направи многу измени во скоро сите елементи на Windows 10. Главната цел е да се обезбеди целосна синхронизација во визијата на апликациите PWA и Windows Store.

Заоблените агли на иконите се само некои од ефектите на Fluent Design кои ќе ги променат апликациите на XAML во 2021 година. Контекстните менија во Windows 10 исто така може да се ажурираат со објавувањето на ажурирањето. Допрва ќе дознаеме повеќе за плановите на Microsoft за двете најголеми надградби на оперативниот систем во 2021 година.

Поврзани вести

Возилото за на Месечината на „Тојота“ ќе се вика Lunar Cruiser (ВИДЕО)

msp-admin

Апликација симулира нуклеарна војна и крајот на светот (ВИДЕО)

msp-admin

Фејсбук лансира гејмерска апликација

msp-admin