СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Оваа земја ќе ги плаќа сметките за струја и вода на своите жители

Властите во Бахреин ќе потрошат 570 милиони долари за плати на 100.000 вработени во приватниот сектор, за период од април до јуни, со цел да се намалат штетните последици од коронавирусот, пренесува Reuters.

Властите, исто така, ќе ги плаќаат сметки за струја и вода на сите жители на Бахреин, како и на сите компании во земјата. Ќе биде запрена и наплатата на некои видови на даноци за недвижнини и туризам.

Оваа иницијатива е дел од пакетот за поддршка на економијата во висина од 11 милијарди долари, што владата на Бахреин ја посвети на приватниот сектор заради амортизирање на економските последици од пандемијата.

Поврзани вести

Се усогласува Законот за задолжителни нафтени резерви со законодавството на ЕУ

Влатко Зорба

Илон Маск со само еден твит за ривалот на Биткоин ја зголеми неговата вредност за 20 отсто

Никола Поповски

СОВЕТИ ОД МИЛИЈАРДЕР: Парите не купуваат среќа!

Stefanija Kuzmanovska