СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија договорила производство на Спутник V во ЕУ

Русија денес објави дека постигнала договори за производство на вакцината Спутник V против коронавирус со „компании од Италија, Шпанија, Франција и Германија“ во очекување на вакцината да биде одобрена во Европската унија.

„Во тек се и други разговори за зголемување на производството во ЕУ. Ова ќе овозможи снабдување на единствениот европски пазар со Спутник V да започне веднаш штом ќе биде одобрено од Европската агенција за лекови (ЕМА)“, рече Кирил Дмитриев, директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

Службеникот на РДИФ, кој го финансираше развојот на Спутник V, не наведе кои европски компании постигнале договори.

Спутник V сè уште не е одобрен во Европската унија, но се тестира. Руските власти изразија подготвеност да обезбедат вакцини за 50 милиони Европејци заклучно со јуни.

Дмитриев денес изјави дека Русија е, исто така, подготвена да „започне со снабдување на земјите од ЕУ кои ќе го одобруваат Спутник V независно“ од ЕМА, како што е случајот со Унгарија, пренесе „Бета“.

Поврзани вести

Огромен пад на продажбата на автомобили во Германија

Влатко Зорба

Продавачки „финти“ од 90-тите кои и денес важат

msp-admin

Пожар во јапонска фабрика за чипови може да влијае на Европа и САД

Влатко Зорба