СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

СЗО не ги советува државите да го условуваат патувањето со вакцинација

Вонредниот одбор на Светската здравствена организација (СЗО) во петокот ги советуваше државите да не ги условуваат меѓународните патувања со докази за вакцинација или имунитет.

Комитетот од 19 независни експерти го одржа својот шести состанок за една година, со кој претседаваше Французинот Дидие Хосин, во време кога бројот на жртвите од Ковид-19 се приближува на 2 милиони.

Експертите дадоа низа препораки кои беа прифатени од генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус и беа испратени до членките на Обединетите нации, се наведува во соопштението на организацијата, пренесува Ројтерс.

„Во овој момент, не поставувајте обврска за докази за вакцинација или имунитет за меѓународно патување бидејќи сè уште има клучни непознати информации за ефикасноста на вакцините во намалувањето на преносот, а вакцините не се целосно достапни“, соопшти комитетот на СЗО.

„Доказите за вакцинација не треба да ги ослободуваат меѓународните патници од други ограничувачки мерки за да се намали ризикот од инфекција за време на патувањето“, се додава во извештајот.

Комитетот ги повика државите да следат појава на нови видови како што се оние во Велика Британија и Јужна Африка за да се процени ефикасноста на вакцините, лековите и дијагностичките тестови.

СЗО исто така повикува на испраќање технологии до посиромашните земји за да се забрза светското производство на вакцини.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен во петокот за време на посетата на Португалија, која го презеде претседателството со ЕУ, ја поздрави иницијативата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да предложи воспоставување на сертификат за вакцинација на ниво на ЕУ за продолжување на прекуграничното патување во рамките на На ЕУ.

„Ја поздравувам таа иницијатива. Тие сертификати мора да бидат меѓусебно признати и стандардизирани“, рече таа.

Постојат стравувања дека воведувањето на вакви сертификати може да ги дискриминира луѓето кои дури немале пристап до вакцината.

Фон дер Лејен вели дека ова може да се реши со комбинација на овие потврди и негативен тест за ковид 19.

Поврзани вести

Намалени трошоци и зголемени приходи: Како до МИЛИОН долари додека наполните 30 години?

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Штург-Вебер синдром

Влатко Зорба

Кина воведува сертификати за вакцинација за прекугранично патување

Влатко Зорба