СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Високото ниво на девизните резерви ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело за време на пандемијата

„Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа.”

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани”, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ).

Во овој контекст, таа исто така истакна дека за водењето релаксирана монетарна политика придонесува и репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, којашто на барање на Народната банка за првпат ја одобри Европската централна банка. Ваквиот инструмент е особено важен бидејќи овозможува брз пристап до девизна ликвидност, а во услови на висока неизвесност и на евентуални можни поголеми нарушувања на меѓународните пазари заради шокот од ковид-19.

Поврзани вести

Цените на нафтата паѓаат на 40 долари, трговците се загрижени за новиот бран на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Бизнисмените се откажаа од иницијативата за усогласување на православниот со католичкиот Божиќ

Договор со Светска банка со кој се обезбедуваат 70 милиони евра за локални патишта во 80 општини