СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Имаме 50 милиони евра за петтиот пакет мерки, ако пандемијата потрае ќе имаме и пари и нови мерки

„Петтиот пакет со владини економски мерки е за платите за февруари и март, но со него се опфатени и други инструменти, како поволни кредити, но и други мерки. Во однос на ликвидноста имаме средства, добар ни е планот. Со сите наши политики до сега, како членството во НАТО и реформите за ЕУ, ликвиднста во буџетот не е во прашање, во добра кондиција сме и во однос на плати и во однос на вкупната економија, од јануари до 15 март годинава приходите во буџетот се поголеми од истиот период лани, во поглед на сите даноци, а немавме криза првите месеци од минатата година. Сето ова ни укажува дека планираниот раст од 4,1 отсто што го проектираме може и да го оствариме. Бројките одат кон тоа да се оствари нашето сценарио.“- изрази оптимизам министерот за финансии, Фатмир Бесими, во интервјуто на Сител.

Дополни дека 50 милиони евра од пакетот мерки се обезбедени, а остатокот од 50 милиони ќе се обезбеди преку ребаланс на буџетот.

„Во самиот буџет имаме предвидено и песимистичко сценарио во случај ако пандемијата потрае подолго. Но тогаш нема растот да ни биде 4,1 отсто, туку нешто помал. Но, за сега ова се само проекции, рано е да можеме да прецизни околу бројките. Ризици постјат, но важно е дека ние ги следиме и ќе преземеме и нови марки ако е потребно. Очекувам ребаланс на буџетот кон средина на годината.“- изјави Бесими.

Тој потсети на неодамнешната средба во Европската инвестициска банка од каде нашата држава очекува финансиска помош за развој на стопанството.

„Имавме успешна средба со Европската ивестициска банка и можеме да очекуваме поддршка од нивна страна на проектите и на стопанството, за да може да се мобилизира капиталот, се со цел да му се помогне на регионот, но и на нашата држава. Тема во разговорите беа и 100-те милиони евра наменети за приватните фирми за кредити, но зборувавме и за тоа дека во рамки на гарантниот фонд може да се вклучат од Европската банка за да се зголеми и да се помогне на економија. Инвестицискиот фонд има намера да се фокусирса на извозните компании преку поддршка на инструментите за развој.“- пренесе дел од разговорите со Европската инвестициска банка, министерот за финансии, Фатмир Бесими, во вестите на Сител.

Поврзани вести

Постапка за јавно наддавање за обнова на „Глобал Струмица“

Влатко Зорба

НУК: Стопанската комора на Србија обезбеди бесплатно вакцинирање на сите заинтересирани угостителски работници од Македонија

Влатко Зорба

Хари Костов купи 500 акции од Комерцијална

Влатко Зорба