СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими на Брнз и ја претставил реформската агенда на Министерството за финанисии

Министерот за финансии Фатмир Бесими оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз, која беше придружувана од директорот на УСАИД во земјава, Ерик Јановски.

На средбата била претставена реформската агенда на Министерството за финанисии, која се заснова на економското заздравување, Програмата за управување со реформите во јавните финансии – ПФМ, либерализацијата и развојот на финансиските пазари и борбата против сивата економија. Притоа беше презентирана Стратегијата за паметен раст (Smarter Growth) како и столбовите врз кои темели, односно заздравување од ковид-кризата, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и инвестиции во човечки капитал.

Од страна на Министерот било посочено и дека е направен единствен и сеопфатен план на капитални инвестиции кои се од стратешко значење на среден рок, како и дека се преземаат мерки во насока на подобрување на реализацијата на истите. Ја истакнал и заложбата за фискална консолидација на среден рок, односно постепено намалување на јазот помеѓу приходната и расходната страна во Буџетот, во насока на одржување на стабилноста во јавните финансии.

На средбата разменија мислења за подобрување економската конкурентност во земјава, преку зголемување на продуктивноста и интеграцијата кон евроатланските и регионални пазари, за поддршка на зголемен придонес на младите во општеството и намалена корупција, како и за договорот за партнерство којшто нашата држава го има со САД.

Поврзани вести

Од извоз на млеко лани заработивме над шест милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Стопанска Банка АД Битола: Немаме дополнителни информации за порастот на цената на акциите

Влатко Зорба

Пауновски: Сè додека не се донесат нови протоколи терасите на кафеаните ќе работат

Берта Китинска