СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царина: Фирма од Крива Паланка не платила акциза од над 1,5 милиони евра

Одделението за истраги при Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Куманово поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во Крива Паланка, поради основано сомневање дека сторило кривично дело „Избегнување на плаќање акциза“ казниво по член 279-б од Кривичниот законик.

Станува збор за увезен необработен тутун во вкупна количина од 56.799 килограми, кој потоа е пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 102.238.200,оо денари .

Имено, се работи за пет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Крива Паланка, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза, соопштија од Царина.

Поврзани вести

Помош од 50.000 евра месечно за малите фирми во Германија

Stefanija Kuzmanovska

Македонија и уште седум балкански земји заедно имаат помал БДП од Истанбул

ММФ одобри итна финансиска помош за 25 земји

Влатко Зорба