СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата e без основа

Хуавеи е изненаден и разочаран од одлуката на шведскиот орган за телекомуникации, кој всушност забрани употреба на 5Г опрема на таа компанија во Шведска.

Како одговор на одлуката на Шведска за условите за учество на операторите на аукции од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци, што всушност претставува забрана за употреба на 5Г опрема на таа компанија, Хуавеи наведува дека тие се приватна комерцијална компанија во целосна сопственост на нејзините вработени.

„Нема основа за обвинувањата дека Хуавеи претставува каква било закана за безбедноста. Ние веруваме дека исклучувањето на Хуавеи се заснова на неоснована претпоставка и дека е неправедно и неприфатливо“, соопшти компанијата.

Се додава дека за 20 години деловно работење во Шведска, како и за повеќе од три децении постоење во повеќе од 170 земји во светот, не е забележан поголем безбедносен инцидент.

„Хуавеи никогаш не предизвика најмала закана за шведската сајбер безбедност и тоа нема да се случи во иднина. Исклучувањето на Хуавеи нема да придонесе за безбедноста на шведската 5Г мрежа. Напротив, ќе има сериозни нарушувања на конкуренцијата и иновативноста“, соопшти компанијата.

Хуавеи ќе го процени ефектот на одлуката и се надева дека шведската влада ќе ја преиспита одлуката во духот на фер и отворен пазар, како што секогаш поддржувала.

Поврзани вести

Казино „Фламинго“ донираше дезинфекциони средства во вкупна вредност од 20.000 евра на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија

msp-admin

Русија: Гасоводот до Германија загрозен поради санкциите на САД

Влатко Зорба

Акциите на Stellantis „полетаа“ на првиот ден од тргувањето

Влатко Зорба