СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Убер отпушта 3.700 работници

Американската компанија за транспортни услуги Убер објави дека 3.700 работници кои работата на полно работно време ќе бидат отпуштени поради влијанието на пандемијата на коронавирус.

Во извештајот до Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), Убер рече дека планира „да ги намали оперативните трошоци како дел од одговорот на економските предизвици и неизвесностите што произлегуваат од пандемијата од „Ковид-19“ и неговото влијание врз работењето на компанијата“.

Компанијата има намера да отпушти работници во човечки ресурси и поддршка на клиентите „поради помалку патувања во одделот за транспорт и тековната одлука за замрзнување на вработеноста“.

Најавените отпуштања ќе влијаат на околу 14 проценти од 26.900 работници во Убер, според годишниот извештај за деловна активност.

Компанијата проценува дека заради планираните отпуштања, ќе претрпи трошоци од приближно 20 милиони американски долари поврзани со отпремнина и други видови на надоместоци.

Главниот извршен директор Дара Хоросвашахи се откажа од основната плата за остатокот од годината, според извештајот објавен во средата.

Кризата со коронавирусот го погоди тешко Убер поради прекин на патувањата, како дел од мерките за борба против инфекцијата.

Поврзани вести

Tesla не успеа да испорача 500 илјади автомобили до 2020 година

Влатко Зорба

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

msp-admin

Некогаш незамисливо, сега неизбежно: Ferrari ќе прави SUV

Влатко Зорба