Средствата за помош на економијата се на незавидно ниво. Многу бизниси веќе отпуштиле работници, а дел се на прагот на одржливост, апелира денеска Стопанската комора на северозападна Македонија. Комората бара вакцините да бидат што поскоро обезбедени, пописот да се спроведе и да нема чести избори, туку да и се остави на секоја влада, ако работи соодветно, да го истера мандатот до крај,
Според СКСЗМ, приоритети за бизнисот и натаму се транспарентноста на средствата што ги троши Владата, рамномерен егионален развој, намалување на невработеноста и зголемување на економскиот раст. Стратешка цел останува и инфарструктурата. Неопходно е реализирање на децениското барање за поврзување на главните градови во регионот и пошироко, со патна и железничка инфраструктура.
Децентрализација е неопоходна, општините мора да имаат мпожност да ги менаџираат средствата.
Секој вонреден изборен циклус, смета СКСЗМ, значи дополнително оптоварување за стопанството и забавување на администрацијата.
-Помошта за бизнис заедницата е неопходна, но ако имаме задоцнување на вакцината ќе мораме да се одржиме во состојба да функционираме и во тој случај владините мерки би требало да продолжат, изјави претседателот на Комората, Неби Хоџа по денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Пописот, оцени Хоџа, е исклучително важен концепт не само за населението, туку и за домашните компании, како и за странските инвеститори.
-Пописот не значи само број на жители, дата база за населението, туку е многу важен и за потребите на бизнисите во државата, како и за потенцијалните инвеститори. Мислам дека пописот е задонет и имаме потреба од негово одржување. Тоа е нашиот став. Разоваравме и за тоа. Целта е да се најде начин да се реализира, зашто навистина имаме потреба од попис, нагласи Хоџа.
Повика уште еднаш повика да има што помалку избори.
-Секои избори се товар и блокирање на институциите и администрацијата. Апелираме да има што помалку избори и тие да бидат редовни за да им се даде можност на владите да си го изменаџираат цел мандат. Ако се востанови дека не оперираат како што треба, ние секогаш делуваме и реагираме, рече претседателот на СКСЗМ.