Стечајниот управник на Еуростандард банка тврди дека нема физичко или правно лице со депозит или депозити во вредност од седум милиони евра.
-Имајќи предвид дека во текот на изминатиот месец, во повеќе објави се пласира неточна информација дека депонент – физичко лице во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ од 7 милиони евра, како стечаен управник се чувствувам должен да Ве известам Вас и севкупната јавност дека во Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра, вели Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард Банка.