Министерот за транспорт и врски Блјаго Бочварски истакна дека Северна Македонија се наоѓа во фаза во која се неопходни крупни инвестиции во инфраструктурата како предуслов за закрепнување и брз развој на државата.
Tој вели дека се инвестира 4 милијарди денари во железницата, гасификација, водоводи и канализации, локални патишта и други капитални проекти. Бочварски се надева дека до март конечно ќе го распишат тендерот за изведувач на пругата.
„ Оваа пруга е апсолутно потребна, не само поради патничкиот транспорт, туку и за товарниот транспорт. Само за втората и третата делница имаме 91 мост кои треба да бидат изградени и 32 тунели. Самиот граничен премин се наоѓа во тунел. Ние во моментов имаме товарен транспорт кој што го има обемот со 90 проценти а само 10 отсто е патничкиот транспорт. Секако дека е комплексен и тежок проект, се согласувам дека станува збор за многу средства, но ние треба да опстоиме затоа што не може нашата земја да биде изземена од овој регионален тек.“вели Бочварски.