СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кина ќе ја претекне Америка 5 години порано отколку што се очекуваше

Кинеската економија забележа раст од 2,3 проценти во текот на целата мината година, во која пандемијата на коронавирусот силно ги погоди светските економии. Кинеската економија имаше особено силен раст од 6,5 проценти во последниот квартал, а нејзин подем се очекува во 2021 година. Со ова темпо, Кина може да ја надмине американската економија во 2028 година.

Кинеското национално биро за статистика (НБС) објави податоци за растот на кинеската економија.

Според НБС, строгата контрола на епидемијата, како и пакетот државна помош за економијата, придонеле за растот.

Шефот на НБС, Нинг Јиже изјави дека растот на економијата е особено значаен затоа што тоа се случило во време кога пандемија владее со светот, кога светските економии се во рецесија, а меѓународната трговија е комплицирана, пренесува „South China Morning Post“.

Растот на бруто домашниот производ во Кина е скоро нормализиран, и покрај пандемијата на короната и повторното појавување на жариштата во некои делови на земјата, пренесуваат светските медиуми. Исто така, растот на вредноста на акциите ширум Кина ги надмина очекувањата.

Сепак, пандемијата сè уште има големо влијание врз економијата, така што ова е најмал раст на кинеската економија од осумдесеттите години наваму. НБС предупреди на сложена ситуација во земјата и во светот.

Ситуацијата ја влошува тековната економска војна меѓу Кина и САД.

Британскиот центар за економски и деловни истражувања (ЦЕБР) предвиде во декември дека Кина, поради успешното справување со кризата предизвикана од пандемијата, може да ја надмине американската економија во 2028 година, што е пет години порано од претходните прогнози.

„Кинеската економија се очекува да расте со стапка од 5,7 проценти годишно до 2025 година и 4,5 проценти до 2030 година“, се наведува во извештајот на ЦЕБР.

Поврзани вести

Бразил продава 22 аеродроми и 5 пристаништа, сака да собере 1,5 милијарди евра

Влатко Зорба

Акциите на Pfizer падна поради проблеми со превоз на вакцините

msp-admin

Како е да се работи за најбогатиот човек во светот?

Влатко Зорба