СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Посреќни работници, поголема продуктивност: Мајкрософт тестираа четиридневна работна недела

Во своето седиште во Јапонија, компанијата Мајкрософт одреден период тестираше како би функционирала работата доколку се работи четири работни дена во неделата.

Овој тест имал за цел да покаже дали и како ќе влијае скратеното работно време врз продуктивноста на вработените, но и врз целокупните резултати. Тестот е дел од проектот на Мајкрософт „Предизвик на работниот живот“. Тие во петок не работеле, а ги охрабриле вработените во тој ден помалку да одговараат на мејлови.

Во експериментот биле вклучени повеќе од 2.300 вработени кои секој петок во текот на пет недели биле слободни, без намалување на платата или пак намалување на бројот на денови од годишниот одмор.

Во овој период била забележана зголемена продуктивност и тоа за 40 отсто, а работниците биле посреќни и позадоволни од себе и својата работа.

Покрај зголемената продуктивност, искористувањето на електричната струја се намалило. Вработените испечатиле 59 отсто помалку хартиени листови во пробниот период. Најголем дел од нив, 92 отсто, изјавиле дека им се допаѓа скратената работна седмица.

Претходно сличен проект друга компанија спровела во Нов Зеланд, кога било забележано значајно намалување на нивото на стрес кај вработените.

Ова е пилот проект на Мајкрософт и засега нема информации дали ќе се имплементира во Јапонија или на ниво на цела компанија, или пак ќе се спроведе и во други седишта и канцеларии низ светот.

Поврзани вести

Излегувањето на берзата во САД им донесе на Кинезите 11,7 милијарди долари

msp-admin

Huawei со приход од 64,2 милијарди долари за првата половина на 2020 година

msp-admin

Шефот на „Нафтогас“: Запирањето на „Северен тек 2“ е прашање на живот или смрт за Украина

Влатко Зорба