СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Следната година целата планета ќе биде покриена со Starlink Интернет

Веќе следната година, целата Земја ќе биде покриена со Интернет на Starlink, со брзина до 300 Mbps, со латентност од околу 20 ms.

До крајот на оваа година, поголемиот дел од земјината топка ќе биде покриен со сателитски интернет Starlink, а следната година нема да има агол на Земјата што нема да биде покриен, беа откриени амбициозните планови на Елон Маск преку Твитер.

Starlink се состои од голем број сателити лансирани во ниска орбита кои обезбедуваат (вселенска) Интернет услуга за корисниците на Земјата. Бројот на овие сателити постојано ќе се зголемува, што ќе ja зголеми покриеноста на Земјата, како и брзината на Интернет.

Сепак, како што повтори Маск, Starlink не е за секого и густо населените области секогаш ќе ја имаат предноста на класичниот (мобилен) интернет, додека сателитскиот интернет е наменет првенствено за корисниците кои живеат во рурални области каде што не е достапна инфраструктура за брз фиксен или мобилен интернет.

Некои корисници во САД веќе имаат можност да уживаат во услугата на Starlink (лани беше лансиран тест сервис за ограничен број на корисници) со кој тие се прилично задоволни бидејќи брзината на Интернет е помеѓу 50 и 150 Mbps, што е повеќе од доволно за просечни корисници, со малку поголема латентност во споредба со класичниот интернет – помеѓу 20 и 40 ms.

Со поголем број сателити, овие бројки ќе се подобруваат со текот на времето, па Маск вели дека до крајот на оваа година латентноста ќе биде околу 20 ms, додека брзината ќе биде двојно поголема, а корисниците повремено ќе можат да сурфаат со брзина до 300 mbps. Сепак, тој исто така предупредува дека квалитетот и достапноста на Интернет ќе зависи од положбата на корисниците, како и од препреките на сателитскиот интернет што може да доведат до краткорочни прекинувања на услугите, пренесе Zimo.

За да можат да добиваат интернет-сигнал од сателитите на Маск, на корисниците им е потребен посебен терминал и рутер, а секако, треба да плаќаат и месечна претплата, што сега е 99 долари.

Поврзани вести

Отворен првиот меѓународен саем за автомобили во време на корона

msp-admin

Деспотовски: Инициравме креирање на регионален Фонд за иновации со кој ќе се искористи потенцијалот на регионалниот пазар

msp-admin

Грчкиот туризам ќе помине пет пати полошо од економската криза во 2008 година

msp-admin