СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

И во време на корона во Македонија се вработува

Епидемијата на коронавирусот предизвика и епидемија на откази во Македонија.

Голем дел од занаетчиите, угостителите ги затворија своите дуќани по одлуката на Владата, со цел да се заштитат граѓаните како и вработените од ширењето на новиот „невидлив пријател“.Но и покрај епидемијата, некои бизниси се соочија со недостаток на работници.

Голем дел од нив објавуваат огласи низ социјалните мрежи како и порталите кои огласуваат.Во време на епидемијата зголемен обем на работа имаат пекарите.

– Огласот го објавив пред неколку дена, а и на самиот дуќан ставив известување дека барам продавачки. Почетната плата е 18.000 денари, плус бонуси воедно и пријавување, работното време е од 6 часот наутро до 14:30. Секој купува леб и бели пецива овој занает има многу работа, но тешко може да се најдат работници. Епидемијата ни ја зголеми побарувачката, се работи со засилено темпо, потребни ми се продавачки бидејќи не може да се постигне, ни објасни споственикот на пекарата од Скопје.

На прашањето дали има заинтересирани кандидати, сопственикот ни кажа дека досега му се имаат јавено само три лица кои прашуваат за условите, но по негова покана на разговори тие не доаѓаат.

– Имавме закажано интервју со една од потенцијалните кандидати, но не дојде.Во овие моменти на дел од граѓаните им се потребни пари за да можат да ги издржат овие месеци додека трае кризата, а од друга страна, владее стравот бидејќи оваа работа е во директен контакт со купувачите, објаснува сопственикот.

Огласи за вработување

Според огласите кои се објавени на почетокот на месец април, се бараат доставувачи, месари, комерцијалисти, работници за во маркети, фармацевти, курири…

Во опис на еден од огласите се бара доставувач, во овој период кога онлајн продажбата е во пораст и се потребни вакови тип на работници. Во описот на огласот стои дека за работна позиција се бара: „Навремено доставување на пратките, љубезност спрема клиентите, останување прекувремени часови доколку е тоа потребно. Фирмата го нуди и следниот надомест за: курир со возило – 18.000 мкд; курир со велосипед (електро тротинет) – 20.000 мкд, курир – пешадинец 20.000 мкд, наградување со дополнителен месечен бонус, работното време е 40 часа неделно.

Гостиварскиот регион позитивен пример за време на пандемијата

Од почетокот на мерките за сузбивање на пандемијата во гостиварскиот регион регистрирани се 22 откази, а 76 лица деновиве склучиле договори за вработување.

Со владините активни мерки, уште 70 гостиварци ќе започнат со тримесечна практична работа. Нема масовни отпуштања како последица од мерките кои ги наложи корона кризата во гостиварскиот регион, оценуваат од Центарот во Гостивар на Агенцијата за вработување.

Активните владини мерки за вработување ги искористија 70 компании и овозможија 76 нови вработувања.

Евидентирани 4.259 слободни работни места

Воедно на страната на Агенцијата за вработување евидентирани се 4.259 слободни работни места.

Директорката на агенцијата за вработување, Билјана Јовановска пред неколку дена изјави дека не се точни информациите во јавноста дека има масовно отпуштање на вработени.

-Информацијата дека се отпуштени 15,000 луѓе од угостителскиот сектор не е точна. Кај нас во центрите за вработување ниту е реализирана масовна одјава од задолжително социјално осигурување, ниту пак во моментов имаме масовни најави за технолошки вишок за голем број на лица. Невработени лица за месец март, која што во споредба со претходниот месец бележи зголемување за околу 2.000 лица. Тоа е бројка на евидентирани невработени лица. Од друга страна Агенцијата ја нуди услугата на пријави и одјави – М1-М2 во задолжително социјално осигурување, изјави Јовановска.

Угостителите испорачаа нови барања до Владата

Пред два дена угостителите испорачаа нови барања до Владата, но, не се откажуваат од барањето, секој работник од угостителството да добие бруто-минимална плата од државата.

На власта угостителите ѝ побарале и да се одложи плаќањето на режиски трошоци, односно струја, вода и парно за објектите, како и да им се плати половина од киријата за објектите.

– Значи, заклучно со 31.03 тие што се одјавени без разлика кој ден од април ќе се пријават, да бидат квалификувани да добијат соодветна помош. Побаравме дел од кириите да ни бидат покриени од државата, односно половина од сумата, изајви Мартин Ангеловски, групација на угостители.

Б.М

Поврзани вести

Осумдесет милиони денари од Владата за обесштетување на граѓаните погодени од невремето лани во Долна Преспа

НБ очекува раст од 3,8 отсто во 2020 година

Влатко Зорба

Заев на Виенскиот економски форум: Инвестицискиот план за Западен Балкан ќе создаде одржлив раст и нови работни места